Македонија лидер по искористеност на парите на ЕУ

Bez autora
Dec 11 2011

Македонија е лидер според искористеноста на средствата од претпристапните фондови, оцени високиот европски претставник Џерард Кили од Комитетот за следење на ИПАРД. Тој на состанокот на Комитетот во Скопје најави дека се разгледуваат можностите за проширување на Програмата со нови мерки што ќе овозможат уште поголема реализација. Имплементацијата на ИПАРД Програмата во Македонија добро оди и ако биле прифатени сите поднесени апликации, ќе се искористеле околу 43 милиони евра што е добар степен на реализација. Мора да се детектираат проблемите при поднесувањето барања и да се отстранат. Иако ИПАРД средствата за оваа година не се целосно искористени, Кили вели дека нема да бидат загубени. Проектираната сума можеби нема да биде искористена ниту идната 2012 година, но Македонија дефинитивно се движи во добра насока. Интересот за ИПАРД постои и може само да се зголемува.

Македонија лидер по искористеност на парите на ЕУМакедонија е лидер според искористеноста на средствата од претпристапните фондови, оцени високиот европски претставник Џерард Кили од Комитетот за следење на ИПАРД. Тој на состанокот на Комитетот во Скопје најави дека се разгледуваат можностите за проширување на Програмата со нови мерки што ќе овозможат уште поголема реализација.

- Имплементацијата на ИПАРД Програмата во Македонија добро оди и ако биле прифатени сите поднесени апликации, ќе се искористеле околу 43 милиони евра што е добар степен на реализација. Мора да се детектираат проблемите при поднесувањето барања и да се отстранат - рече Кили.

Иако ИПАРД средствата за оваа година не се целосно искористени, Кили вели дека нема да бидат загубени.

- Проектираната сума можеби нема да биде искористена ниту идната 2012 година, но Македонија дефинитивно се движи во добра насока. Интересот за ИПАРД постои и може само да се зголемува. Верувам дека ќе се достигне степенот кога ќе биде можна негова стопроцентна реализација - нагласи Кили.

Досега се објавени вкупно пет ИПАРД јавни повици кои резултираа со 100 одобрени апликации во вкупен износ од 12 милиони евра, средства за инвестиции во земјоделството, прехранбената индустрија и руралниот развој. За заменик министерот за земјоделство, Зоран Коњановски, македонскиот агросектор е подготвен да се соочи со предизвиците за користење на идните структурни ЕУ фондови.

- Ни претстои уште многу работа, спроведување реформи и конкретни мерки, долгорочно да планираме, а секојдневно да интервенираме. Да советуваме, да градиме капацитети и што подобри услови за земјоделците - рече Коњановски.

Агроекологијата и реализирањето локални стратегии за развој преку т.н. лидер пристап се двете нови мерки со кои ИПАРД треба да се прошири. Се разгледуваат и можностите за вметнување проекти кои предвидуваат модернизација на системите за наводнување и изградба на шумски патишта за заштита на шумите од пожари.

Високите европски претставници порачуваат дека освен развојната компонента на ИПАРД која подразбира максимално искористување на средствата, многу е битна и втората, воспоставување систем на контрола и следење, односно намалување на ризиците од евентуална злоупотреба на парите од фондовите и нивно сведување на нула.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik